Шкупи ја доби пресметката со Шкендија во големото дерби на Чаир со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Кристијан Трапановски во 37.минута. Со ова тимот од Чаир се одлепи на врвот на табелата.
Тиквеш не успеа да го сопре шампионот, тимот на Струга ТЛ, иако имаше два гола позитива на дуелот во Кавадарци. Сепак, стружани на крајот славеа со 2-3. Згуро си даде автогол, а потоа Ивановски зголеми на 2-0. Сепак, Марјан Радески со два гола донесе израмнување до полувреме, а Христијан Георгиевски во 82.минута постигна победнички гол за стружани.
Работнички во Маџари ја победи Брера Струмица со 1-0. Тоа е прв триумф на Гоце Седлоски на кормилото на „романтичарите“. Стрелец на победничкиот гол беше Ермедин Адем во 70.минута, откако Влатко Стојановски го погоди дирекот.

Силекс ремизираше (1-1) против Гостивар. Ланре Кехинде донесе водство за Гостивар, а израмни Марко Ѓорѓиевски.
Брегалница во Штип ремизираше против Воска Спорт (2-2). Андонов и Вебстер обезбедија предност од 2-0 за Брегалница, но потоа Воска Спорт одговори со головите на Олатунбосун и на Трпески.
Вчера Вардар ја победи Македонија ЃП на гости во Ѓорче Петров со 0-1.
ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА 1-0
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 2-3
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА 2-2
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1-1
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













