
Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Џуд Белингам, заработи дополнителна повреда што го прави неизвесен за утрешниот натпревар против Гранада. Според „Кадена Сер“, тој има болки во скочниот зглоб од последниот натпревар против Наполи во Лигата на шампионите.
Офанзивниот играч за врска се појави на теренот на денешниот тимски тренинг, но не се вклучи во активностите на главната група, туку истрча сам, по што се врати во салата за вежбање.
Сепак, Карло Анчелоти се обиде да ја смири ситуацијата.
„Префериравме да нема контакти со други фудбалери на денешниот тренинг. Тој има мала нелагодност кај скочниот зглоб, но мислам дека ќе биде во тимот“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
Претходно Белингам се мачеше и со повредата на рамото што ја доби уште пред репрезентативната пауза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
