Елиф Елмас е позитивен на Covid-19, соопшти попладнево Наполи, шокирајќи ја македонската фудбалска јавност во пресрет на пресметката со Косово во Лигата на Нации. Ова е огромен шок за селекторот Игор Ангеловски, со оглед на фактот дека Елмас требаше да биде еден од главните адути на Македонија во борбата за место на ЕВРО 2021.
Информацијата попладнево ја објави Наполи на официјалната страница, откако „наполитанците“ утрово повторно беа тестирани по позитивниот тест на Зиелински во текот на вчерашниот ден. Најпрвин беше објавено дека сите тестови се негативни, потоа дека четири од нив се испратени на дополнителна обработка, за последната вест да биде шокантна за нашата фудбалска јавност – Елмас е позитивен на Covid-19 токму во најважниот период за нашиот репрезентативен фудбал.
Durante l’elaborazione degli ultimi 4 tamponi, è risultato positivo al Covid-19 il calciatore Elif Elmas.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 3, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski