Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски дефинитивно ги одби понудите од Русија и одлучи да остане во Спортинг Лисабон. Иако тренерот Рубен Аморим го стави на трансфер – листа, сепак, заменик капитенот на нашиот национален тим се заблагодари на понудата на Динамо Москва и сака да се бори за место во составот на Спортинг Лисабон.
Португалскиот клуб одреди отштета од 3 милиони евра за продажба на Стефан Ристивски, за него постоеше интерес и од шпанскиот Валјадолид, како и од италијанскиот калчолигаш Сасуоло, но по се изгледа дека Ристовски ќе остане во Португалија најмалку уште шест месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













