Европската фудбалска организација (УЕФА) го казни францускиот првак ПСЖ со 100.000 евра поради инциденти на неодамнешниот натпревар против Милан во Лигата на шампионите.
ПСЖ го доби мечот против Милан со 3-0, а ќе мора да плати 75.000 евра за димни бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање на скалите на трибините и 5.000 евра поради влегувањето на навивачите на теренот.
Дополнително, стадионот на ПСЖ ќе биде делумно затворен на еден натпревар во европските натпреварувања, но таа казна е условна за период од две години.
Милан исто така доби казна, ќе мора да плати 20.000 евра за нередите што ги направиле неговите навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













