
Светскиот првак Аргентина забележа историска победа над најголемиот ривал Бразил (0-1) на гости, но после тоа дојде шокантната вест – Лионел Скалони сериозно размислува да го напушти аргентинскиот тим!
Шокантната изјава на селекторот на Аргентина го обиколи светот, никому не му е јасно што се случило, играчите по натпреварот изјавија дека не знаеле ништо за тоа, поточно дека од медиумите слушнале само што кажал Скалони, и тоа се многу загрижувачки зборови.
„Сега е моментот да застанам на топката и да размислувам за сѐ. Овие играчи ми дадоа многу, но морам да размислувам за мојата иднина. Ова не е збогум, но притисокот е огромен и бара многу енергија и затоа е тешко да се продолжи во овие услови, особено да се продолжува да се победува. Морам да размислам. На тимот му треба тренер кој може да вложи максимална енергија“, изјави Скалони.
Не завршува тука, бидејќи Скалони позираше со стручниот штаб и сподели фотографија на Инстаграм со краток опис „АРГЕНТИНА“, која многумина ја протолкуваа и како еден од знаците за збогување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
