
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против моќната Англија во последниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. „Црвено-жолтите“ имаа водство со голот на Енис Барди во 41.минута, а Англичаните израмнија во второто полувреме, откако во мешаницата по корнерот топката удри во Јани Атанасов и заврши во мрежата на Столе Димитриевски.
Младиот дефанзивец Јован Манев се заблагодари на публиката за поддршката и најави уште подобри денови за националниот тим во иднина.
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во голем број и не поддржаа, тоа беше поттик за нас. Ние сме млада екипа и сме во процес, затоа сум горд на моите соиграчи. Се надевам дека со овој резултат нема да застанеме овде, затоа што имаме многу квалитет и сега уште поголема мотивација, по ова реми со Англија. Се надевам дека во следниот циклус ќе излезе на виделина она кое го работиме и заедно ќе се радуваме на нови успеси на Македонија. Англичаните се светска класа, но тоа беше мотивација за нас да ги покажеме квалитетите“, изјави Јован Манев по мечот со Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski