Англија одигра 1-1 во Скопје против Македонија и од тој аспект не може да биде задоволен селекторот Герет Саутгејт. Сепак, тој вели дека немало пенал за Македонија при стартот на Роки Луис над Бојан Миовски, можеби многу повеќе кога Мегваер стартуваше над Елиф Елмас.
„Немаше пенал за Македонија. Можеби многу повеќе наликуваше стартот на Мегваер, отколку ова што го досудија судиите со помош на ВАР. Но, нема да коментирам повеќе околу тоа. Ние имавме целосна контрола, доминиравме во поле, ни недостуваше тоа завршно додавање, но можеби и поради тврдиот терен кој е нов и не дозволуваше многу креација. Сепак, ние лесно и успешно се квалификувавме за ЕВРО 2024, а формата ќе ја темпираме за завршното натпреварување“, изјави Герет Саутгејт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski