Connect with us

СОСТАВИ: Саутгејт го остави Хари Кејн на клупа и ќе нападне со Оли Воткинс

Познати се официјалните состави за мечот меѓу Македонија и Англија. Селекторот на Англичаните, Герет Саутгејт, одлучи да го остави на клупа капитенот и најдобар стрелец Хари Кејн. На негово место, шанса добива Оли Воткинс, а Англија секако ќе има квалитетен напад, затоа што во тимот се и Џек Грилиш, Фил Фоден и Букајо Сака.

На голот е Пикфорд, а во одбраната Вокер, Мегваер, Гуехи и Рико Луис. Деклан Рајс и Трент Александер-Арнолд ќе делуваат во средниот ред.

Благоја Милевски направи две промени од тимот кој стартуваше против Италија. Во тимот се Јани Атанасов и Исник Алими, а отпаднаа Аријан Адеми и Агон Елези.

Во средниот ред се и Енис Барди и Елиф Елмас, а во нападот е Бојан Миовски.

Одбраната пред Столе Димитриевски ја сочинуваат Манев, Серафимов и Муслиу, на левата странична позиција е Езгјан Алиоски, а десно ќе делува Бојан Димоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови