Connect with us

Англичаните пристигнуваат попладне, нема да тренираат на арената „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Англија попладне ќе допатува во Скопје. Експедицијата на гордиот Албион ќе биде сместена во хотелот „Мериот“, а селекторот Герет Саутгејт и фудбалерите нема да го одржат официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“.

Со оглед дека новиот терен е тукушто поставен, Англичаните нема да тренираат на арената. Тие побарале да одржат кус тренинг во СЦ „Јане Сандански“, веднаш откако ќе пристигнат во нашиот главен град.

Натпреварот меѓу Македонија и Англија е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови