Фудбалската репрезентација на Франција немаше милост и оствари неверојатен триумф од 14-0 против Гибралтар. Тоа е најубедлив триумф „триколорите“, а и најголем пораз за Гибралтар во историјата.
Килијан Мбапе постигна хет-трик, Оливие Жиру постигна два гола, исто како и Кингсли Коман, а стрелаа и Клаус, Фофана, Рабио, Дембеле, Маркус Тирам и Заир – Емери, кој стана најмлад стрелец за „триколорите“.
Етан Сантос во третата минута си постигна автогол и ја отвори серијата голови за Французите, а во 18.минута доби и црвен картон.
Холандија ја победи Ирска со 1-0, со голот на Ваут Вегорст во 12.минута. Холанѓаните се пласираа на ЕВРО 2024.
Швајцарија и Косово ремизираа 1-1, а Романија го победи Израел со 1-2. Швајцарвите и Романците одат на Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













