
Националната арена „Тодор Проески’’ е подготвена за претстојниот натпревар со репрезентацијата на Англија. На целиот проект му претходеа интензивни работни активности кои резултираа со исполнување на зацртаната цел- целосна ревитализација на тревната површина.
Гостите од странство ќе ги пречекаме на терен кој е во согласност со највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА и е еднаков на условите коишто ги обезбедуваат најголемиот дел од европските стадиони. АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката застана зад овој проект целосно, со максимални заложби и целосен капацитет, во соработка со ФФМ кој ја обезбеди донацијата.
Самите карактеристики на овој вид хибридна трева гарантираат одличен квалитет, односно рок на траење од 8-10 години, како и зголемен степен на нејзината експлоатираност. На него ќе може да се игра на температура од -20 до + 40 степени, а снегот и дождот нема да претставуваат дополнителен проблем бидејќи теренот има и систем за греење.
Целосната ревитализација на тревната површина, покрај низа пропратни елементи опфаќа и надградба на системот на наводнување,како и поставување нови голови. Процесот на целосно менување на тревата којшто е последен пат изведен пред 11 години ќе ги подобри условите на националниот и клупскиот фудбал, и е во насока на успешно развивање на фудбалската игра.
Сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската фудбалска репрезентација во понеделник ќе имаат можност да уживаат во следењето на натпреварот со Англија. АДИССДП се надева дека навивавачката атмосфера ќе биде во духот на фер-плејот и со силна поддршка од трибините заеднички да стигнеме до што подобар резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
