
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на „Олимпико“ во Рим ќе има нов дуел со актуелниот европски првак Италија. Досега Македонија нема пораз на италијанско тло, тоа е навистина за почит.
Како што вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, ретко која репрезентација во светот може да се пофали со таков биланс против „аѕурите“.
„Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е играта која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак.И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како што можеме ние. Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции. Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина. За мене сега ова е врвен приоритет, да помогнеме заедно да ги постигнеме целите и да им дадеме крилја на младите момци од секој аспект за да можат да не израдуваат со нивните успеси сите заедно“, порача Муамед Сејдини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и ќе игра во Словенија?

Млади репрезентации
Ѓорге Џеков: Да го покажеме нашиот квалитет на мечевите против Косово
