По година и пол, Тихомир Костадинов е повторно во националниот тим. Помина за него најтешкиот период, кога принудно беше надвор од фудбалот поради тешката повреда на коленото.
Сега е повторно дел од репрезентацијата и вели дека е пресреќен што повторно е во спортската опрема со националните бои.
„Премногу ми е драго што сум тука повторно се репрезентацијата. Минав низ еден многу тежок период со две тешки операции на коленото и потенцијално и трета, поминав долг период надвор од терените, но ете сѐ е тоа сега минато. Сакам да остане зад мене тој период, се чувствувам добро, веќе неколку месеци сум во полн тренажен процес одиграв и неколку пријателски натпревари за екипата и се чувствувам навистина подготвен и среќен што сум тука“, изјави Тихомир Костадинов.
Италија и Англија се велесилите што стојат исправени пред селекцијата на Македонија во последниот мини циклус од квалификациите за ЕВРО 2024.
„Нѐ очекуваат два исклучително моќни репрезентации, но последните два собири во септември и во октомври беа навистина квалитетни и тоа ни дава мотив за надигрување и сега со Италија и со Англија. Италија мора да го добие натпреварот против нас ако сака да игра на Европско првенство. Што значи важен меч за нив, и секако голем предизвик за нас“, истакна Костадинов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













