
Македонија е „баук“ за Италијанците. Актуелниот европски првак многу тешко излегува на крај со „црвено-жолтите“, ги спречивме на нивниот пат кон Светското првенство во Катар, а не загубивме и на последниот меч на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Во петок македонската фудбалска репрезентација ќе им гостува на „аѕурите“ на „Олимпико“ во Рим, а напаѓачот Бојан Миовски, кој игра во одлична форма во Абердин, верува дека нашиот национален тим може да одигра нов квалитетен меч.
„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации. Мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок, а имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари. Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме“, изјави Бојан Миовски.
Фудбалската репрезентација утре патува за Рим, каде в петок ќе го одигра претпоследниот натпревар од овој квалификациски циклус за ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
