
Матео Ковачиќ (29) нема да игра за хрватската репрезентација на натпреварите против Летонија во Рига (18 ноември) и Ерменија во Загреб (21 ноември).
„Поради повреда на мускулот Матео Ковачиќ отпадна за претстојните натпревари. Во Манчестер беше направена магнетна резонанца, која покажа дека поради повредата нема да биде подготвен да и помогне на репрезентацијата на претстојните натпревари“, објавија од Хрватскиот фудбалски сојуз.
Хрватите денеска се собраа во Загреб, а потоа имаат натпревари против Летонија во Рига (сабота) и против Ерменија (следниот вторник).
По поразот од Турција (0-1) во Осијек и од Велс (1-2) во Кардиф во октомври, Хрватска не зависи од себе во продолжението од квалификацискиот циклус.
Таа сега е третопласирана во квалификациската група Д, што значи дека и се закануваат дополнителни квалификации за пласман на ЕП. Исто така, Хрватска сѐ уште може и да ја освои групата, во зависност од резултатите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal