
Македонската А репрезентација ги започнува подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Националаната арена „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕВРО 2024.
Во пресрет на двата последни меча од квалификациите, своите очекувања од подготовките и натпреварите ги истакнаа репрезентативците Јани Атанасов и Дарко Чурлинов.
„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, нѐ радува тоа што сите сме здрави и подготвени и посебно што во тимот се враќа Тихо Костадинов после долгата пауза поради повреда. Нѐ очекува меч со Италија, натпревар кој очекувам да биде сосема поинаков од тој во Скопје. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни, желни за успех и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“, истакна Јани Атанасов.
Дарко Чурлинов е исто така оптимист, иако ривалите се светски велесили во фудбалот.
„Иако немаме шанса за пласман на Европско првенство, ќе дадеме сѐ од себе, така ќе биде и овој пат, така е секогаш кога играме за Македонија. Знаеме какви светски сили се Италија и Англија. Ќе ги анализираме противниците, немаме што да загубиме и едноставно треба да одиграме максимално ангажирано. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот, во добра натпреварувачка форма сме и се надевам дека тоа ќе го искористиме. Ќе се обидеме да го спречиме италијанскиот состав да нѐ победи. Играме за Македонија, а кога сме овде не постојат изговори“, потенцира Дарко Чурлинов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево
