
Шкупи загуби од Силекс (2-1) во Кратово, иако имаше водство со голот на Трапановски. Сепак, Силекс успеа да постигне два гола до крајот на првото полувреме.
Тренерот Младен Жижовиќ смета дека тимот пропуштил убава шанса да се одлепи на врвот на табелата.
„Натпреварот го започнавме добро, постигнавме гол навреме. Но, до паузата не успеавме добро да реагираме, по индивидуална грешка примивме израмнувачки гол. Повторно продолживме да имаме големи грешки дури и при 1- 1, и нормално кога ги правиш овие грешки, казната доаѓа брзо, каде противникот постигна втор гол и освои три бода. Општо земено, тоа е загуба за нас, бидејќи имавме можност да се одлепиме бодовно од конкурентите. Мора да продолжиме да тренираме и да работиме на последните четири натпревари од полусезоната, обидувајќи се да стигнеме до максимален број бодови“, изјави Жижовиќ.
Шкупи и понатаму е лидер на табелата со 28 бода, колку што има и Шкендија на втората позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
