Connect with us

Саутгејт повика тројца нови фудбалери за мечот против Македонија: Кол Палмер, Рико Луис и Езри Конса во составот на Англија

Повредите на Џејмс Медисон, Џуд Белингам и на Калум Вилсон го примораа селекторот на Англија, Герет Саутгејт, да повика дополнително нови фудбалери за квалификациските мечеви против Малта и против Македонија. Дебитантски повик во сениорскиот тим на гордиот Албион добија Кол Палмер од Челси, Рико Луис од Манчестер Сити и Езри Конса од Астон Вила.

Кол Палмер е еден од најталентираните играчи за врска кој го постигна израмнувачкиот гол за Челси на вчерашното дерби против Манчестер Сити. Од таборот на „граѓаните“ е повикан десниот бек Рико Луис, кој може успешно да одговори и на обврските во средниот ред, а третото ново име е Езри Конса, дефанзивецот на Астон Вила.

Англија ќе гостува во Скопје на 20. ноември, во последното коло од квалификациите за ЕВРО 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови