Маурисио Покетино рече дека Челси ќе пристапи во остатокот од сезоната уверен дека ќе може да се натпреварува со најдобрите тимови откако го задржа шампионот во Премиер – лигата, Манчестер Сити, во драматично реми 4-4 во натпреварот на сезоната.
Поранешниот играч на „граѓаните“, Кол Палмер, го реализираше пеналот во 95. минута и им донесе бод на „сините“ во неверојатниот судир на дождот на „Стемфорд Бриџ“.
„Многу сум горд. Исклучително среќен. Играчите заслужуваат признание, нивниот настап беше неверојатен. Игравме против, за мене, најдобриот тим во светот. Многу околности што се случија за време на натпреварот ме направија горд – начинот на кој го одигравме натпреварот беше навистина, навистина добар. Се разбира, има работи што треба да се подобрат, но тоа е процес. Таквата изведба ќе ја изгради нашата вера и самодоверба. Но мораме да бидеме трпеливи на некои натпревари“, изјави аргентинскиот стратег на клупата на Челси.
Неговиот колега Пеп Гвардиола изјави дека конечниот резултат е фер. Со бодот, Сити се пресели еден пред Ливерпул и Арсенал пред репрезентативната пауза.
„Тоа беше добар публицитет и спектакуларен натпревар за Премиер лигата, двата тима сакаа да победат. Не очекував ништо поразлично од ова. Челси има фантастичен состав и играчи. Ливерпул не можеше да победи овде, беше многу, многу подобар од Арсенал…тоа е Челси! Не те оставаат. Имаат физика, талент, брзина, долга клупа, имаат повеќе од едно или две оружја. Челси е изграден, останува да ги донесат вистинските одлуки за во иднина. Имавме моментум, 2-3 транзиции еден на еден кои не можевме да ги завршиме. Му честитам на тимот, влегуваме во паузата и се пласираме во следната фаза во Лигата на шампионите – потоа враќање во Премиер – лигата и подготвени сме за нов предизвик“, изјави шпанскиот стратег Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













