
Сеск Фабрегас е новиот тренер на италијанскиот второлигаш Комо. Шпанскиот фудбалски ас во овој тим ја заврши својата професионална кариера како играч.
Веста за отказот на претходниот тренер Морено Лонго доаѓа како изненадување со оглед на добриот пласман на тимот, кој го зазема шестото место на табелата во Серија Б, на само еден бод од зоната на плејофот.
Сеск Фабрегас е акционер во клубот и претходно беше тренер на тимот до 19 години, со првичен план да помине две години таму пред да започне во сениорскиот фудбал. Сепак, процесот е забрзан и тој ќе го има своето деби во Серија Б на 25 ноември против Фералписало.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
