Connect with us

Кога е тешко за Атлетико, тука е Гризман (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид се врати на победите, но се намачи да дојде до трите бода против Вилјареал. На крајот славеше со 3-1, а отпорот го скрши Антоан Гризман.

Жерар Морено во 20.минута донесе водство за Вилјареал, а Аксел Витсел израмни на 1-1 пред крајот на првото полувреме.

Атлетико Мадрид во 80.минута бараше начин како да стигне до предност, а го пронајде Гризман. Тој го постигна 169. гол во дресот на Атлетико и се израмни со Ескудеро на второто место на вечната листа на стрелците. Луис Арагонес има само пет гола повеќе и прашање на време е кога Гризман ќе го престигне.

Пет минути подоцна Лино го потврди триумфот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови