Силекс е одличен домаќин, но денеска во Кратово гостува лидерот Шкупи, кој е во налет по пласманот во полуфиналето на Купот. Тимот од Чаир ќе атакува на трите бода, но сигурно и кратовци ќе имаат што да кажат.
За дуелот против Силекс говореше напаѓачот Иса Кука, кој истакна дека тимот сака да продолжи со позитивниот тренд.
„Не сакам да зборувам многу, важно е дека сме комплетен тим и имаме многу позитивна атмосфера. Мораме да победиме и на овој натпревар и да продолжиме со добрите настапи. Да играме со срце и да го дадеме најдоброто од себе. Секако дека и јас ќе се обидам да го дадам најдоброто“, изјави Кука.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува Работнички во скопска пресметка.
Дефазивецот на „лавовите“, Христијан Пецов, верува во успех.
„Атмосферата во клубот никогаш не била проблем. Но, секако после поминувањето во полуфинале на Купот ни дава уште поголем мотив за работа. Нѐ очекува незгоден противник со добар квалитет, секоја почит за Работнички, но ние сепак сме Македонија ЃП и влегуваме максимално мотивирани за нови три бода како и на секој натпревар досега“, изјави Пецов.
Четири натпревари од ова коло се одиграа вчера. Шампионот Струга ТЛ загуби од Брера (2-1) во Струмица, Шкендија го совлада Тиквеш со 1-0, а со истиот резултат и Гостивар славеше против Брегалница.
Воска во дуелот на дното го победи Вардар во Маџари со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО (денеска, 13 часот)
СИЛЕКС – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
ВЧЕРА
БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-1
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
ВАРДАР – ВОСКА 1-2
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski