Легендата на италијанскиот фудбал Паоло Малдини е фаворит за директорската функција во саудискиот Ал-Итихад. Поранешниот директор на Милан наскоро ќе одлучи за својата иднина, сериозно размислувајќи за можноста да ја преземе функцијата во Ал-Итихад.
Саудискиот клуб неодамна го отпушти Нуно Еспирито Санто и е во потрага по нов тренер и нов директор.
Амбициозниот клуб сака да докаже дека се сериозни во својот проект. Затоа тимските шефови сакаат да го ангажираат Малдини. Летото тој доби отказ од матичниот Милан по несогласување со сопственикот на клубот, Гери Кардинале.
Пред неколку месеци името на Паоло Малдини се поврзуваше со италијанската репрезентација и со ПСЖ, меѓутоа тој и понатаму е без работа во фудбалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













