
Идниот нов косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, кој се очекува во понеделник и официјално да се здобие со 25% од акциите на „црвените ѓаволи“, планира „чистка“ на директорскиот тим во клубот. Британскиот милијардер е подготвен да ги отпушти извршниот директор Ричард Арнолд, директорот за фудбал Џон Муртаг и директорот за фудбалски операции Дејвид Харисон.
Причината е серијата скапи трансфери на играчи кои клубот ги направи по заминувањето на претходниот шеф Ед Вудворд. Проблемот со неуспешните трансфери е веќе подолго време присутен на „Олд Трафорд“, иако претходно одговорноста за ова ја сноси токму Вудворд.
Клубот потроши огромни 1,4 милијарди фунти на нови играчи по заминувањето на Сер Алекс Фергусон и забележа релативно мал успех согласно таа инвестиција.
Во последните години се издвојуваат трансферите на Пол Погба, за кого беа исплатени 89 милиони фунти, Ентони (85,5 милиони), Хари Мегваер (80 милиони), Ромелу Лукаку (73 милиони) и Џејдон Санчо (59,7 милиони).
Откако Ерик тен Хаг започна со работа пред околу година и пол, за нови засилувања се потрошени 374 милиони фунти.
Поради сето ова, Ретклиф е во преговори со Џоел Глејзер за промена на целата фудбалска структура на клубот. Сепак, позицијата на менаџерот Ерик Тен Хаг засега не е загрозена, бидејќи според англиските медиуми, новиот инвеститор смета дека Холанѓанецот заслужува поголема доверба по добрите работи што ги направи во последната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
