Таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, е ослободен откако бe[e киднапиран од т.н. „Ослободителната народна армија“ и беше во заробеништво 12 дена. Среќната вест официјално ја потврди и колумбиската фудбалска федерација.
„Фудбалската федерација на Колумбија се заблагодарува на националната влада, воените сили и националната полиција, како и на сите институции и официјални лица кои овозможија ослободување на Луис Мануел Дијаз, таткото на нашиот играч Луис Дијаз“, стои во официјалното соопштение.
Непосредно пред тоа, локалните медиуми објавија дека мисијата за ослободување на Мануел Дијаз била успешна и тој бил однесен со хеликоптер од местото каде што бил заробен, а потоа одведен во градот Валедупар, каде што ќе биде прегледан од специјалисти, пред да се врати кај своето семејството.
За да се избегне присуството на полициски и воени единици, делегацијата што пристигна да го одведе Мануел Дијаз беше составена од претставници на Обединетите нации и на Католичката црква.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













