
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот тим Абердин одиграа 2-2 против ПАОК во Конференциската лига, но и покрај тоа ги загубија шансите за пласман во следната фаза.
Миовски почна на клупата за резерви, а влезе во финишот од мечот.
Динамо Загреб продолжи со очајни игри во Европа и загуби на гости кај Плзен со 1-0. Стефан Ристовски одигра цел натпревар на стоперската позиција, а хрватскиот тим во финишот постигна гол, но не беше признат по прегледување на ВАР.
Спартак Трнава на Милан Ристовски ремизираше 1-1 против Нордсјеланд, а напаѓачот остана на клупата за резерви.
Фиорентина славеше минимално против Чукарички со 0-1, а Легија го победи Зрињски со 2-0. Ференцварош и Генк ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
