Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери во националниот тим за последниот мини циклус од квалификациите за ЕВРО 2024. Предизвикот е огромен, гостување во Рим и дуел со Италија на „Олимпико“ на 17 ноември, и три дена подоцна натпревар против Англија во Скопје, на арената „Тодор Проески“.
„Списокот е ист од минатиот пат, ме радува што со нас по подолга пауза поради повреда е и Тихо Костадинов. Најважно е што во моментот сите се здрави и се надевам дека така ќе остане и после овој викенд во кој сите ќе играат за своите клубови. Размислуваме секогаш за првиот нареден меч, а тоа е гостувањето против Италија. Ниеден натпревар не наликува на претходниот, сигурно дека против Италија сега нѐ очекува поинаков меч од претходните. Треба да одговориме пред сѐ физички, а тука имаме и мал проблем, бидејќи некои играчи ја немаат потребната минутажа во клубовите. Но, ние секогаш го извлекуваме максимумот од секој од нив“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Официјалниот собир на националниот тим за претстојните натпревари против Италија и против Англија е закажан за 13 ноември во хотел „Хилтон“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













