
Рафаела Пимента, бразилската адвокатка која по смртта на Мина Раиола ја презеде империјата на контроверзниот, но феноменален агент, синоќа беше специјален гостин на „Сантијаго Бернабеу“. Веднаш се појави информацијата дек таа е во Мадрид поради Ерлинг Халанд.
Генијалниот голгетер дојде во Манчестер Сити летото минатата година и оттогаш има постигнато дури 67 гола на 70 настапи.

Веќе започна приказната за можниот трансфер на Ерлинг Халанд во Реал Мадрид следното лето. Виралната вест за Пимента на „Бернабеу“ се шири со четири важни забелешки. Додека беше жив Раиола, тој практично беше персона нон грата во Реал, додека место во ложата се чува за неговата наследничка.
Дополнително, додаваат Шпанците, познато е дека откупната клаузула во договорот на Халанд ќе биде активирана следното лето. Тоа важи за клубови надвор од Премиер-лигата, кои во тој преоден рок ќе можат да го купат за 180 милиони евра. Понатаму, на Реал Мадрид очајно му недостига напаѓач од светска класа.
Вчера се појавија и информации дека Реал Мадрид по ниедна цена нема да го донесе Килијан Мбапе, откако претходно ги одби и остана во ПСЖ. Во една таква ситуација, се знае кој е следниот најпосакуван напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
