
Голманот на Баерн, Мануел Нојер, откри дека ќе ги пропушти претстојните репрезентативни обврски во договор со тренерот Џулијан Нагелсман.
Германија овој месец ја очекуваат пријателски средби со Австрија и со Турција.
„Долго разговарав со Нагелсман. Повторно разговаравме по натпреварот во Дортмунд во саботата. Нема да бидам во репрезентацијата, бидејќи ми треба повеќе време за себе. Овие натпревари доаѓаат прерано”, изјави Нојер.
Тој во декември минатата година ја скрши ногата на скијање, а дури неодамна се врати на теренот.
„Ќе дадам сѐ од себе следната година да се вратам во репрезентацијата“, изјави Нојер.
Германија е домаќин на Европското првенство во 2024 година, а Нојер се очекува да биде прв голман на националниот тим на натпреварувањето каде Германците ќе имаат највисоки можни амбиции.
Селекторот Нагелсман пред еден месец одлучи Мануел Нојер повеќе да не биде капитен на Германија и му ја даде лентата на Илкај Гундоган, а потоа изјави дека искусниот голман одлично реагирал на неговиот потег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
