Connect with us

Ал-Итихад го отпушти тренерот Нуно Еспирито Санто

Нуно Еспирито Санто веќе не е тренер на Ал-Итихад. Клубот од Саудиска Арабија му даде отказ на португалскиот стручњак поради незадоволителни резултати.


Конкретен повод за разделбата со Еспирито Санто беше поразот од 0-2 во азиската Лига на шампиони против ирачкиот клуб Ал-Кува.

Во домашното првенство, Ал-Итихад исто така не игра според очекувањата и е без победа на пет последовни натпревари, се наоѓа на 6. место на табелата.

Еспирито Санто минатата сезона го предводеше Ал-Итихад до титулата во Саудиска Арабија.

Изминатото лето клубот донесе ѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, но тимот сепак не функцонира според плановите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови