Connect with us

Вооружени лица се обиделе да ја киднапираат ќеркичката на Нејмар

Вооружани лица се обиделе да ја киднапираат ќеркичката на Нејмар во домот на неговата партнерка Бруна Бјанкарди. Тие провалиле во вилата во Сао Паоло и ги врзале родителите на Бруна, барајќи ги токму неа и ќеркичката.


Сепак, за среќа, тие не биле во домот во периодот на провалата.

Откако родителите на Бруна Бјанкарди минале низ едночасовна тортура, крадците решиле да украдат накит и луксузни часовници и побегнале.

Полицијата веднаш пристигнала, ги прегледала видеоснимките и откако било утврдено дека едно од вооружените лицата живее во близина на домот на Бруна Бјанкарди, веднаш било упасено. Останатите престапници се во бегство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови