
Брера Струмица утре гостува во Кавадарци каде ќе се сретне против Тиквеш во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Тренерот Џовани Валенти очекува тежок натпревар, но вели дека целта на неговиот тим е пласман во полуфиналето од Купот.
„Тимот е подготвен, сите се мотивирани за овој посебно важен меч за нас. Ние сите во клубот имаме свој сон за оваа сезона и ќе дадеме се од себе за да го оствариме нашиот сон. Непосредно пред мечот ќе одлучиме кои ќе бидат стартерите на утрешниот натпревар. Тиквеш покажа досега низ сезонава дека се работи за многу квалитетен тим, но добро ги анализиравме следејќи ги нивните последни натпревари против Гостивар и Силекс. Ќе биде тешко бидејќи знам дека условите во Кавадарци не се најдобри. Ова за нас ќе биде голем предизвик и сигурен сум дека ќе настапиме со силен мотив и желба за триумф“, изјави Џовани Валенти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
