
Триумфот над Силекс е зад фудбалерите на Работнички, со оглед дека веќе утре следи нов голем предизвик. „Романтичарите“ на стадионот „Борис Трајковски“ ќе го пречекаат тимот на Шкупи во четвртфиналето на Купот на Македонија.
Голманот Игор Алексовски успеа да ја сочува мрежата на претходниот меч со Силекс и посакува идентичен епилог и на утрешниот меч.
„Купот е специфичен, победник мора да има и во еден натпревар нема многу простор за грешки. Свесни сме за тоа, знаеме и дека против себе имаме квалитетен тим каков што е Шкупи, но сигурно дека не се и непобедливи. На почетокот на првенството ги победивме токму на „Борис Трајковски“, а потоа загубивме на Чаир. Ќе биде тешко, но максимално сме фокусирани и мотивирани и веруваме дека можеме да ја оствариме целта. Во Купот е важно да одиш во следната рунда и сигурно дека ќе сториме сѐ да стигнеме до полуфиналето“, вели Игор Алексовски за официјалниот сајт на Работнички.
Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи е закажан за утре, со почеток во 13 часот, на стадионот Борис Трајковски“, а ќе го суди Крумислав Ѓоргиев од Штип.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани
