Connect with us

После телевизорот, на Шкупи му ја „снема“ и опремата од фитнес – центарот

Македонскиот прволигаш Шкупи не може да крене глава од грабежи и и вандализми на стадионот Чаир. Само неколку дена откако клубот објави дека крадци провалиле во собата за дневен одмор на фудбалерите и го украле телевизорот, како и проекторот за видео-анализа, сега се случила нова кражба.

Шкупи информира дека е украдена и опремата од фитнес-центарот кој беше направен за тренинг-активности на фудбалскиот тим. Очигледно дека овој Шкупи и не е така „омилен“ на Чаир. Можеби треба да се обидат и со 24-часовно професионално агенциско обезбедување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови