Актуелниот првак Струга Трим Лум стигна до убедлива победа (4-0) против Вардар на домашен терен. Ова е последниот заостанат натпревар што требаше да го одработат стружани од периодот кога настапуваа на европска сцена, дел од 5. коло во Првата лига.
Вардар издржа едно полувреме, но потоа Струга ТЛ ја валоризираше својата добра игра.
Бесарт Ибраими го отвори резултатот во 56.минута, кога со одлична финта се ослободи од Брдаровски и го матираше Гачевски.
Вториот гол за Струга ТЛ беше дело на Ментор Мазрекај во 75. минута, а Хадис Таири зголеми на 3-0 во 84.минута. Во судиското продолжение стружани постигнаа и четврти погодок преку Сенад Јаровиќ.
По овој триумф, Струга ТЛ има 24 бода и се наоѓа на третото место, со бод помалку од Шкупи и од Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













