
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги пофали своите играчи по победата над Рома од 1-0. Според него, „нероаѕурите“ ги заслужија трите бода, иако голот дојде доцна во натпреварот.
„Рома се бранеше одлично. Игравме напорно и покажавме трпение. Во натпревари каде што голот не доаѓа долго време, може да настанат проблеми, но ние бевме одлични и не завладеа нервоза“, изјави Инзаги.
„Лукаку? Рома има и други квалитетни играчи. Не го видовме. Кажав што мислев за тоа летото. Сите знаат што направивме за да го вратиме. Тој реши да оди на друго место и јас тоа го прифатив. Ако го сретнам, ќе му честитам. Моите одлуки секогаш биле за доброто на Интер“, потенцира тренерот на миланскиот клуб.
„Атмосферата на стадионот беше исклучителна. Без разлика дали противникот е Рома, Милан, Калјари или Сасуоло – навивачите се секогаш зад нас“, додаде Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
