Саудискиот фудбалски клуб Ал-Кадсија го отпушти тренерот Роби Фаулер, само четири месеци откако го назначи поранешниот играч на Ливерпул на оваа функција, објави Ројтерс.
48-годишниот Англичанец, кој осум пати беше најдобар стрелец во Премиер – лигата и одигра 26 натпревари за репрезентацијата на Англија, беше назначен на оваа позиција во јуни.
„Клубот ги цени напорите на тренерот и неговиот професионализам во овој период и му посакува успех во кариерата“, се вели во соопштението на Ал-Кадсија, моментно второпласиран тим во Втората лига на Саудиска Арабија.
На местото на Фаулер дојде поранешниот тренер на Севилја и Олимпик Марсеј, Мичел Гонзалес, кој играше за Реал Мадрид и шпанската репрезентација.
Роби Фаулер претходно беше менаџер на тајландскиот Муангтонг Јунајтед, австралискиот Бризбејн Роар и индискиот Источен Бенгал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal