Connect with us

Куп: Македонија ЃП го елиминира Вардар, Работнички ја победи Шкендија

Македонија ЃП ја продолжува одбраната на куп-трофејот откако го елиминира Вардар на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со 0-1. Алтин Алији беше стрелец за ѓорчепетровци во 63.минута.


Работнички ја победи Шкендија со 3-2. Влатко Стојановски ја отвори серијата голови, но израмни Клисман Цаке, а Дашмир Елези пред полувремето се погрижи за предност за Шкендија. Но, тоа не беше се. Гандо Биала израмни во 47.минута, а Атдхе Мазари го постигна победничкиот гол за Работнички.

Брера и Гостивар одиграа квалитетен меч во Струмица иако немаше голови, а решаваа пеналите по кои Брера оди понатаму (5-4).

Езерскиот дуел меѓу Воска и Струга ТЛ исто така се решаваше на пенали. Воска славеше со 4-1 по изведување пенали.

Шкупи го победи Охрид Лихнидос со 4-0, а Тиквеш на гости славеше против Пелистер (0-1).

Силекс го победи Башкими со 3-2, а релативно најлесна задача имаше Брегалница, која се сретна со нисколигашот Јанг Тим и победи со 11-0.

КУП, 1/8 – ФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ 11-0

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-2

СИЛЕКС – БАШКИМИ 3-2

БРЕРА – ГОСТИВАР 0-0 пен. (5-4)

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-1

ШКУПИ – ОХРИД ЛИХНИДОС 4-0

ВОСКА – СТРУГА ТЛ 0-0 (4-1) пен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови