
Белгискиот фудбалер Кевин де Бруин би можел да биде следната голема ѕвезда што ќе замине во Саудиска Арабија. Тој во моментот е повреден, а Ал-Наср, клубот каде настапува Кристијано Роналдо, ќе се обиде да го доведе на почетокот на следната сезона.
Де Бруин игра за Манчестер Сити од 2015 година и практично веќе е легенда на „Итихад“.
Севкупно, офанзивниот играч за врска има 358 натпревари за „граѓаните“ со 96 постигнати гола и 153 асистенции.
Сепак, не е познато уште колку време играчот од средниот ред ќе биде во тимот на Пеп Гвардиола. Неговиот актуелен договор важи само до крајот на следната сезона.
Ал-Наср сака да ја искористи ситуацијата, гледајќи го Де Бруин како уште еден играч кој можел да го надополни тимот преполн со ѕвезди, предводен од Кристијано Роналдо.
Ал-Наср веќе стапил во контакт со агентот на Де Бруин и во моментов се планира средба на заинтересираните страни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
