Connect with us

Тодоровски: Секогаш респект за Вардар, но Работнички сака победа

Работнички и Вардар по две и пол години повторно се среќаваат во градска прволигашка пресметка. Во денешното 11.коло од Првата фудбалска лига, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Работнички е фаворит против „црвено-црните“, со оглед на позициите на табелата и моментните случувања, но тоа сепак и не мора премногу да значи за денешниот резултат.

Дуелот од страна на „романтичарите“ го најави младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски. Тој и соиграчите ќе се обидат да стигнат до триумф против „црвено-црните“.

„Вардар е најтрофејниот македонски клуб и секогаш ќе имаме максимален респект за овој ривал. Градското дерби секогаш нуди голема борба и допадлив фудбал, така сигурно ќе биде и на утрешната пресметка. Ние сме максимално мотивирани и посакуваме победа. Ќе треба и да се потрудиме да ја оствариме на теренот“, изјави Димитар Тодоровски за официјалниот сајт на клубот.


Вардар е на дното на табелата, а најголемата сила во моментот ја црпи од „Комитите“ кои и денеска најавија дека во голем број ќе пристигнат да го бодрат својот тим.

Лидерот Шкендија во Тетово ја пречекува Брера, а Шкупи во Куманово ќе биде домаќин на Брегалница.

Шампионот Струга Трим Лум доаѓа на мегдан во Ѓорче Петров и ќе игра против Македонија ЃП.

Интересна ќе биде и пресметката меѓу Гостивар и Воска, а Силекс во Кратово ќе се сретне против Тиквеш.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, (денеска, 14 часот)

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР

ШКЕНДИЈА – БРЕРА

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА

СИЛЕКС – ТИКВЕШ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ


ГОСТИВАР – ВОСКА

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови