Сандро Тонали најде место во тимот на Њукасл за дуелот со Кристал Палас во Премиер – лигата и покрај тековната истрага на италијанскиот играч за врска за нелегално обложување, изјави менаџерот Еди Хау.
„Тој тренираше двапати оваа недела со нас и е во тимот за натпреварот в сабота“, изјави Хау. „Ќе му пристапам исто како и на сите други – ги анализирам нивните перформанси на тренинзите, како изгледаат, како се чувствуваат. Сандро добро тренира со нас”, додаде менаџерот на Њукасл.
Тонали тренираше со Италија пред нивните квалификации за ЕП 2024 со Малта и Англија, но му беше соопштено да го напушти таборот на „аѕурите“ откако беше повикан на сослушување поради наводите за нелегално обложување.
Тонали го очекува казна поради нелегалното обложување, но таа сѐ уште не е изречена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













