
„Билд“ вчера напиша дека Баерн Минхен во јануари ќе се ослободи од Нусаир Мазрауи (25) кој јавно ја поддржуваше Палестина. Мароканскиот дефанзивец вчера не тренираше со првиот тим и германските медиуми беа сигурни дека тој ја заврши својата епизода во германскиот шампион.
Сепак, се случи пресврт кој Баерн Минхен го објави на својата официјална веб-страница.
Stellungnahme des FC Bayern München zu Noussair Mazraoui.
— FC Bayern München (@FCBayern) October 20, 2023
🔗 https://t.co/XPQ4c2czdv
„Баерн Минхен имаше детален и јасен разговор со Нусаир Мазрауи оваа недела. Причината за тоа беа неговите објави на Инстаграм во врска со теророт врз Израел пред речиси две недели, што доведе до иритација и критики“, пишува Баерн во воведот и ги цитира зборовите на извршниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дресен.
„Нусаир Мазрауи веродостојно не увери дека, како мирољубив човек, решително ги отфрла теророт и војната. Жал му е ако неговите објави предизвикаа иритација. Баерн го осудува нападот на Хамас врз Израел, а Мазрауи го осудува секој вид тероризам и секоја терористичка организација“ се наведува во соопштението.
„Клубот и играчот цврсто се противат на трансферот на конфликтот и насилството од Блискиот Исток во Германија, која се залага за мир. Омразата и насилството од кој било вид немаат место во германската политичка култура.
Баерн стои на страната на еврејската заедница во Германија и на страната на Израел; ништо не го оправдува убиството на деца и семејства. Баерн е убеден дека фудбалот треба да ја развие својата моќ за балансирање меѓу различните култури, особено во најтешките моменти.
Нусаир Мазрауи ќе остане во тимот на Баерн, но моментно е надвор од терените поради повредата што ја заработи на меѓународен натпревар со мароканската репрезентација“, заклучува Баерн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
