
Познатиот црногорски фудбалер и моментно член на стручниот штаб на репрезентацијата на неговата земја, Мирко Вучиниќ, е осуден на две години затвор, условно поради затајување данок, објави „Кориере дело спорт“.
Истиот весник наведува дека поранешниот напаѓач на Лече, Рома и на Јувентус е осуден, бидејќи на италијанските даночни власти не ја пријавил сумата од близу 6 милиони евра, која ја заработил во периодот од 2014 до 2017 година кога настапувал во Обединетите Арапски Емирати, за Ал-Џазира.
„Кориере“ додава дека пресудата, изречена од првостепениот суд во Лече, произлегува од обвинението за лажно пријавување.
Пресудата ја изрече судијката Валерија Феделе, а по наредба на истражниот судија Серџо Тоши веќе започна превентивната конфискација на средства во вредност од даночно затајување – тековни сметки, движен и недвижен имот (вили, станови, мотори). пишува „Кориере“.
Вучиниќ ќе има право на жалба на оваа судска одлука.
Одбраната на Вучиниќ претходно тврдеше дека даночната резиденција на нивниот клиент била во Абу Даби, а не во Италија, каде што тој го поминал најголемиот дел од својата кариера.
Од друга страна, обвинителот Масимилијано Кардучи, кој инаку бараше казна од четири години затвор, нагласи дека Вучиниќ морал да плаќа данок во Италија.
Медиумите од Апенините пред четири години пишуваа дека Вучиниќ морал да плати 1,4 милиони евра во 2014 година, 1,9 милиони во 2015 и 2016 година и уште 542.000 евра данок во 2017 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Капитенот на Тотенхем потпиша договор до 2029

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
