
Англискиот премиерлигаш Њукасл го прекина молкот и за првпат ја коментираше истрагата околу Сандро Тонали поради неговото обложување на нелегални сајтови за коцкање.
„Њукасл Јунајтед може да потврди дека Сандро Тонали е предмет на истрага од италијанските обвинители и Италијанската фудбалска федерација во врска со нелегално обложување. Сандро е целосно посветен на истрагата и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи. Тој и неговото семејство и понатаму ќе ја добиваат целосната поддршка од клубот. Поради истрагата која е во тек, Сандро и Њукасл Јунајтед во овој момент не можат да дадат дополнителни коментари“, се вели во соопштението на клубот.
Во меѓувреме, адвокатите на италијанскиот интернационалец, Маурицио Скакаброци и Марко Фено, потврдија дека фудбалерот веќе ги дал своите докази и на федерацијата и на обвинителството. Со оглед на неговите признанија, се очекува играчот од средниот ред да добие фудбалска суспензија од најмалку една година.
„Тонали вчера го посети судот во Торино за да ги даде своите докази на обвинителката Мануела Педрота, бидејќи претходно се сретна со Џузепе Чине како дел од спортската истрага. Тој целосно ја кажа својата позиција, нудејќи им ја целосната соработка на властите. Бидејќи истрагата сè уште е во тек, во моментов не е можно да се дадат јавни изјави за ова прашање, но се надеваме и веруваме дека Сандро Тонали ќе види што е можно поскоро дефинирана неговата позиција за да продолжи со позитивните чекори што веќе ги направи“, стои во соопштението од адвокатите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
