Напаѓачот Серж Гнабри и дефанзивецот Матијс де Лигт се вратија на тренинзите со тимот на Баерн Минхен, јави агенцијата ДПА.
Гнабри се врати за првпат по три недели откако ја повреди раката додека Холанѓанецот Де Лихт се опорави од проблемот со коленото.
И двајцата ќе бидат подготвени за саботниот натпревар од Бундес-лигата против Мајнц.
Голманот Мануел Нојер, кој беше надвор од теренот откако ја скрши ногата на скијање по елиминацијата на Германија од Светското првенство во декември, исто така тренира со максимален интензитет и би можел да се врати против Мајнц. Конечната одлука на Томас Тухел се очекува в петок.
Најголем дел од играчите на Баерн Минхен сѐ уште се со своите репрезентации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal