Јужноамериканците веќе ги започнаа квалификациите за најголемото натпреварување, три години пред Светското првенство. Почнаа толку рано поради специфичните квалификации на тој континент, што е цела квалификациска група, односно лига со 10 селекции.
Бранителот на титулата светски првак, селекцијата на Аргентина, го доби и четвртиот натпревар. Со 2-0 славеше на гости против Перу, а двата гола ги постигна Лионел Меси (36), кој на тој начин ги подобри рекордите по бројот на настапи (178) и головите (106) во дресот на Аргентина.
Тој постави и уште еден рекорд. Со головите против Перу стигна до 31 гол во мундијалските квалификации. Така го престигна својот голем пријател Луис Суарез и стана најдобар стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal