Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, нема да може да игра фудбал во следните седум месеци. Талентот успеа да добие ваква казна откако активно му помагаше на обвинителството во скандалот со нелегално обложување што го потресе италијанскиот фудбал.
Од трите години што се предвидени според правилата за вакви прекршувања, неговата санкција е намалена за повеќе од половина. Официјално забраната е 12 месеци, но реално Фаџоли ќе паузира седум месеци, а преостанатите пет во форма на план за рехабилитација играчот мора да ги помине за да се справи со својата зависност од коцкање.
Ова вклучува најмалку 10 јавни состаноци во центрите за откажување од коцкање. На ова се додава казна од 12.500 евра.
Терапијата на Фаџиоли мора да трае минимум половина година, иако таа, во комбинација со гореспоменатите општествени обврски на играчот, заменува пет месеци од неговата санкција.
Казната и официјално ја потврди италијанската фудбалска федерација.
Во обвинителството денеска беше и уште еден италијански државјанин кој се вклучи во скандалот, Сандро Тонали. Неговата стратегија е слична на онаа на Фаџоли – тој се обидува да ја минимизира казната со соработка со истражните органи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













