
Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Ерменија со 3-1 на пријателскиот меч во Струмица. Стрелци на головите за нашиот национален тим беа Александар Трајковски, Милан Ристовски и Ердон Даци.
Со осум промени во тимот во однос на мечот со Украина во Прага, со двајца дебитанти, селекторот Благоја Милевски вели дека Македонија делуваше одлично.
„Резултатот секогаш е важен, и од тој аспект секако дека сум задоволен од победата. Но, најавив дека шанса ќе добијат некои други момци, имавме осум нови фудбалери во однос на минатиот натпревар со Украина и двајца дебитанти. Искрено сум задоволен од тоа како делувавме на теренот и од односот со кој го носеа националниот дрес на овој мел во Струмица што се одигра во тешки услови. Мислам дека имаме добар потенцијал и дека можеме уште да напредуваме“, изјави селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
