Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Ерменија со 3-1 на пријателскиот натпревар во Струмица. Наградата за добрата игра во Прага на дуелот со Украина, но и сега во Струмица, дојде со головите на Александар Трајковски во 43.минута, Милан Ристовски во 59.минута и Ердон Даци во 88.минута од мечот. Стрелец за Ерменците беше Едуард Сперцијан во судиското продолжение, од слободен удар.
Ако во Прага шансите не беа реализирани, овојпат момците на Милевски покажаа дека лекцијата е научена.
На силен дожд, на стадионот „Благој Истатов“ одиграа квалитетно, потполно доминираа во пресметката со Ерменија и заслужено стигнаа до триумф.
Македонија на пауза замина со предност од 1-0, по одличната акција на Елиф Елмас и на Александар Трајковски. Првиот асистираше, вториот знаеше како тоа да го искористи и постигна гол за водство во 43.минута од дуелот.
Во второто полувреме, Македонија продолжи офанзивно и тоа донесе втор гол.
Елмас изведе бравура по левата страна, се одлучи на удар во спротивниот агол и го погоди дирекот. Одбиената топка дојде до Милан Ристовски кој одлично се снајде и успеа да ја затресе мрежата на Ерменците.
Во финишот, погодок постигна и Ердон Даци. Тој во 88.минута одлично реагираше во шеснаесетникот, го измами противничкиот голман и се погрижи за убедлив триумф на Македонија. Во судиското продолжение, Едуард Сперцијан постигна гол од слободен удар за конечни 3-1.
Одбраната, и покрај примениот гол во финишот, сепак беше на висина на задачата, на голот овојпат беше Дамјан Шишковски кој имаше неколку сигурни интервенции, а во дефанзивното трио се појави Ахмед Иљазовски, кој остави добар впечаток.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski